Кафето претставува најголемиот глобален феномен и луѓето низ светот го пијат многу долго време.
Еспресото секогаш ви ја дава потребната енергија за целиот ден, но покрај ова носи и низа други погодности за кои не сте знаеле до сега! Доколку барате друга причина за да го пиете овој тип кафе, со исклучок на тоа што ќе ве освежи и ќе ви овозможи долгорочна енергија, продолжете со читање!
Еспресото го подобрува памтењето
Потребна ви е вистинска доза кофеин за да ја подобрите својата долгорочна меморија? Вашата доза е две шолји на ден, а тоа е научно докажано.
Еспресото ја зголемува концентрацијата
Кофеинот ги намалува симптомите на замор, но исто така ја одржува состојбата на внимание и будност. Ваквиот ефект кофеинот го има поради неуро-хемиските реакции. Еспресото одржува повисока концентрација на допамин, посебно во центрите на мозокот поврзани со вниманието.
Еспресото ви помага да слабеете
Еспресото, за разлика од останатите кафиња, е ниско калорично и содржи само три калории по грам.
Еспресото го намалува ризикот од инфаркт
Само една шолја дневно го намалува ризикот од срцев удар дури и до 25 проценти. Тоа е ефектот на антиоксидансите кои ги содржи во себе.
Еспресото го намалува и ризикот од дијабетис
Иако морате да внимавате на вашата исхрана и да останете физички активни, еспресото ќе ви помогне да ги намалите можностите од добивање дијабетес дури и до 11 проценти.
ФОТО: Unsplash