Фејсбук најавува укинување на неколку функции. Проверете кои

Компанијата на Марк Цукерберг, постојано е во трка со времето и борба за зачувување на својот имиџ. Така што сега започнаа да најавуваат промени кај нивното работење, односно отстранување на некои функции. Компанијата од неодамна започна да испраќа известувања до корисниците дека ќе започне да ги отстранува функциите базирани на локација.

Социјалната мрежа планира да ги оневозможи функциите како што се Nearby Friends, но не е објавена конкретна причина за овој потег. Покрај тоа, податоците за локацијата собрани од корисниците ќе бидат автоматски оневозможени.

Функцијата „Nearby Friends“ беше додадена на Facebook во 2014 година и беше имплементирана за да се создаде подобра врска помеѓу пријателите. Функцијата е достапна за платформите Android и iOS, кои веќе имаат можности за следење преку GPS.

Од 1 јуни, временските предупредувања, историјата на локација и историјата во позадина исто така нема да бидат достапни. Бидејќи Facebook не споменува планови за враќање на споменатите функции, се верува дека тие трајно ќе бидат отстранети.

Од 31 мај споменатите апликации и сервиси ќе престанат да собираат податоци за локацијата, а корисникот нема да мора ништо да прави. Фејсбук автоматски ќе оневозможи сè.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.