Хаос на социјалните мрежи: Грешниот превод на песната на Констракта предизвика бура од реакции на социјалните мрежи

Во синоќешното емитување на второто полуфинале на Евровизија на „Youtube“, се случија низа грешки кога е во прашање преводот на српската песна „In corpore sano“ на англиски јазик.

Имено, оние кои кои на „Youtube“ ја вклучиле опцијата за преводи на српски јазик, можеле да забележат огромни грешки во преводот од српски на англиски јазик.

Латинскиот некако помина. Меѓутоа, со српскиот очигледно беше малку потешко. Поднасловот на рефренот се појави како: „ Artists must be healthy“, но се останато беше доста дискутабилно.

Веќе почетокот, познатото: „Koja li je tajna zdrave kose Megan Markl, koja li je tajna?“ беше преведен како: „ Plenty of time” проследено со бесмислени реченици како: „Time with on your ear“, „ I’m gonna cost even more time“ и слично.

„Каков превод е ова?“ – беше најчестиот коментар на оваа песна.

Во продолжение може да го видите вчерашниот настап на Констракта.

Во меѓувреме, опцијата за титл е оневозможена на преносот во живо, па сега може да се види само официјалниот превод, кој можеше да се види и во преносот во живо на телевизија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.