Модерниот OMEGA Moonwatch е почитуван од страна на новата генерација поради инзвонредниот дизајн и иновативно размислување. Денес е лансиран уште еден исклучителен модел кој нуди еден уникатен дел од вселената кој може да го носите на вас.
44.25 милиметарскиот Speedmaster Grey Side of the Moon “Meteorite” воведува голем број на нови карактеристики во Speedmaster колекцијата. На пример, за прв пат е воведена тахометарска скалата изработена од OMEGA Ceragold™.
За оние кои не се запознаени со оваа технологија, OMEGA Ceragold™ претставува посебен начин за спојување на кереамичките делови на часовниците со 18-каратно злато. Двата материјали заедно создаваат пријатен и волшебен севкупен ефект.
Во овој случај, прстенот од 18-каратно Sedna ™ злато се обложува со слој силициум нитрид. Овоја материјал е полесен и поцврст од керамиката и се смета за важен материјал за иднината на OMEGA часовниците. Тахометарската скала од OMEGA Ceragold™ се вметнува подоцна е вметната во него.
Веселиот, цреникав тон на 18K Sedna™ златото исто така се користи за да создаде полирани индекси. На секој часовник дисплејот е изработен од вонземски камен. Се проценува дека од 2000 и 5000 метеори дури кои паѓаат во една година, дури еден килограм паѓа на земјата. 75% од нив исчезнуваат во океаните и пустините. Некои, сепак, се откриени и ценети за ретка убавина.

За дисплејот на OMEGA Speedmaster Grey Side of the Moon „Meteorite“, обезбедени се парчиња од Гибеон метеоритот кој паднал во праисторијата во Намибија. Локалните жители на Нама овие парчиња ги користеле за да произведуваат алатки и оружје. Во последно време, привлечноста на овој метеорит се повеќе е ценета од страна на дизајнерите пордаи специфичната Widmanstätten текстура.
Widmanstätten текстурата е именувана по австрискиот научник кој ја открил, се однесува на неправилностите во форма на ленти кои се препознатливи во овој вид на метеорит. За сопственикот на овој часовник, тесктурата е јасно видлива и едниствена во секој модел.
За фановите на Speedmaster Grey Side of the Moon „Meteorite“, убаво е да се знае дека оргиналниот изглед и чувствата сеуште се задржани. Истите револуционерни техники користени се за да создадат сива керамичка основа и ремче од сива алигаторска кожа. OMEGA Co-Axial 9300 калибарот продолжува да седи во срцето на часовникот.
Со поврзувањето на Speedmaster со вселената, веруваме дека овој часовник дава огромна почит кон минатото на оваа колекција.