Денеска имаме одличен, врвен часовник кој го избравме да го претставиме. Се работи за еден дајвер на ORIS, кој го носи името Oris Carl Brashear Caliber 401 Limited Edition и е вистинско ремек дело.
Самото име ви кажува дека се работи за часовник во лимитирана серија. Има уникатен и преубав дизајн. Носи бронзено куќиште од 40мм со темно сина позадина и ретро стрелки. Има свој inhouse механизам кој го користат во моделите на 401. Има некои разлики кои го прават различен. Има резерва на работење од 5 дена, анти магнетски е и 10 години гаранција.
И не само тоа, со секое носење ќе знаете дека оддавате почит на вистински пионер и легенда. Човек кој е глумен од страна на Куга Гудин Јуниор во Men of Honor.

