Челзи чизмите се задолжителни за мажите и оваа сезона

Првично носени од моторџии, а потоа испопулализирани од Битлси во 60-те челзи чизмите биле важен дел од британското модно движење. Откако оваа Британска мода се врати назад тие станаа задолжително парче од машката гардероба. Без разлика дали станува за кежуал, вечерно излегување или бизнис состанок, беспрекорно се вклопуваат во секоја модна комбинација.

Челзи чизми и фармерки за врвен изглед. Ова е рецепт за класичен кежуал изглед. За подобар изглед препорачуваме slim cut фармерки чија должина ќе одговара на чизмите и нема да прави широки набори. Пар чизми во темно кафена или црна боја со индиго фармерки и кежуал кошула или маица за совршен изглед.

Челзи чизми се комбинираат одлично и со одело. Овие чизми не се само за викендите и за после работното време. Ако внимателно го одберете костумот и правиот пар чизми тогаш добивате совршен изглед. Па ако планирате да правите ваква комбинација тогаш понесете ги чизмите кога ќе одбирате костум. Бидејќи Чезли чизмите се повисоки од глуждот, панталоните треба да бидат поткратки од вообичаено. И второ, барајте стил на чизми со струкиран горен дел.

Чезли чизми со чино панталони комбинација која ветува многу. Повеќе од фармерки, а помалку формални од костум, чино панталоните и челзи чизмите се синоним за софистицираност. Премногу тесните и кратки чино панталони со чизми ќе изгледаат како постојано да го прескокнувате денот за вежбање на нозе, па затоа одлучете се за “slim cut” панталони кои удобно лежат над горниот дел од чизмите.

ФОТО: Gentleman’s Journal

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Модниот дизајнер Рубиначи ја враќа модата во историјата

Leave a Reply

Your email address will not be published.