Чив пасош вреди најмногу?

Како и секоја година така и оваа, ги добивме резултатите на највредните пасоши во светот. На прво место се најде Јапонија, земја која има најмоќен пасош и нејзините граѓани можат да патуваат во 193 земји без виза. Во топ 5 се наоѓаат уште и Сингапур, Германија и Јужна Кореја.

Најслабо рангирани пасоши или пасоши кои имаат најмала вредност се на Сирија, Ирак и Авганистан. Овие држави можат да влезат слободно во само 26 држави.

Македонскиот пасош се најде на 46-то место во светот, а нашите сограѓани можат да влезат во 126 држави без виза.

Споредбено со регионот Грците имаат најмоќен пасош и се на 8-мо место, Словенија е на 12, а пред нас се и Бугарија на 16, Хрватска на 17, Србија на 38. Од македонскиот, послаби пасоши имаат Црна Гора 47-мо место, Босна и Херцеговина на 53 место, Албанија на 55 и Косово на 107.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.