Чорапите се многу важни за вашиот изглед

Чорапите се интересно парче облека. Иако најчесто добиваат најмалку внимание, сепак тие се од клучно значење за вашата удобност, ги штитат нозете од оштетувања и го апсорбираат потењето.

Тие се исто така, мал детал кој или ќе го заокружи целосно вашиот аутфит, или ќе предизвика целосно одвлекување на вниманието.

Замислете ситуација, треба да присуствувате на важен настан, сте посветиле огромно време и енергија при изборот на облека, а од ногавиците ви ѕиркаат бели чорапи на кои пишува SPORT, едноставно целиот труд паѓа во вода.

Денес ќе му посветиме повеќе внимание на ова често занемарено парче облека.

  1. Чорапите треба да се совпаѓаат едни со други и да немаат дупки и видливи дамки

Некои од вас ќе помислат дека ова е очигледно, но сепак вреди да се спомене за секој случај, затоа што ова е основното правило. Непочитувањето на ова правило, може да ве доведе до непријатна ситуација кога неочекувано ќе треба да ги соблечете чевлите.

  1. Чорапите треба да одговараат со вашите панталони

Човек не може да погреши следејќи го овој совет, бидејќи се создава рационален изглед без непотребен контраст во боја.

Меѓутоа, доколку имате изградено чувство за свој личен стил, можете да се чувствувате слободни и да го прекршите ова правило, додавајќи му на вашиот стајлинг дополнителен шмек со избор на чорапи со дезени.

  1. Носете чорапи со должина до колента, наместо до глуждовите

Ова правило се заснова на верувањето дека џентлменот не треба да ја изложува голата нога намерно. Можеби малку застарено верување, но одблескот на бела влакнеста кожа кога носите темно одело може да го одолговлекува вниманието. А тоа не е она што го сакате.

Во пракса, тешко е да се почитува ова правило, затоа што денес е многу тешко да се најдат чорапи со должина до колено. Ако сакате чорапи до колена, тогаш побарајте во продавници за машка облека и бидете спремни да платите повеќе, затоа што овие чорапи се поскапи.

  1. Вашите чорапи треба да бидат во склад со целокупниот ваш аутфит

Ако носите црна вратоврска, тогаш изберете квалитетни и лесни црни чорапи со сјаен изглед. Ако носите спортска јанка и сиви панталони од фланел, волнените чорапи со аргиле се одличен избор. Фармерки, маица и кожни секојдневни обувки бараат темно чорапче.  Одите во теретана? Еве каде можете да ги носите тесните бели чорапи.

Иако чорапите не се најбитната ставка од гардероберот, сепак тие се важен дел од машката облека. Изборот на чорапи со слаб квалитет и несоодветен дезен комбинирани со високо квалитетен костум и чевли, секако може да ја нарушат вашата целокупна презентација. Избирајте секогаш квалитетни чорапи кои ќе им дадат удобност на вашите стапала и комбинирајте ги правилно во склад со облеката.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 13 работи кои треба да ги има еден маж според Том Форд

Leave a Reply

Your email address will not be published.