„Шампион над шампионите“: Се пензионира големиот Роџер Федерер

Еден од најголемите тенисери на сите времиња и осовојувач на 20 гренд слем титули, Роџер Федерер објави крај на својата натрепварувачка кариера. Швајцарецот на свои 41 година одлучи да стави крај велејќи дека е преморен од она зад него.

„Последните пораки од моето тело беа јасни. Одиграв повеќе од 1.500 мечеви за 24 години. Сега мора да си признам дека ова е крај на мојата натпреварувачка кариера. Тенисот е мојата љубов и никогаш нема да го напуштам“, напиша Федерер на Твитер.

Тој се мачеше со повреди на коленото во последните три години, поради што настапи на само три од 11 гренд слем турнири од почетокот на 2020. Најави дека ќе мора да оди на уште операции на коленото.

„Ова е горчлива одлука зашто ќе ми недостига сè што ми го дадоа турнирите. Во исто време, има многу нешта за славење. Ми беше даден посебен талент да играм тенис и играв на нивото што никогаш не сум можел да го замислам“, додаде тој.

Швајцарецот 310 седмици беше првиот рекет на светот. Федерер, исто така, го држи рекордот како број еден непрекинато – 237 последователни недели.

Покрај тоа, Федерер е победник на Дејвис купот и олимписки шампион во Пекинг 2008 во парови.

Во продолжение може да погледнете и видео од неговите најдобри 10 потези во кариерата:

Leave a Reply

Your email address will not be published.