„Школо за џентлмени“: Семејни винарии со македонско вино по светски стандарди (ВИДЕО)

Од оваа сезона нашата емисија Џентлмен Магазин која се емитува секоја недела на МРТ1 доби своја рубрика „Школо за џентлмени“.

Една од темите за која зборувавме во оваа рубрика се термините „семејните винарии“, знаејќи дека вистинските џенлтмени отсекогаш биле љубители на доброто вино.

Во продолжение може да го погледнете прилогот на оваа тема:

Семејни винарии со македонско вино по светски стандарди

Вино со врвен квалитет во ограничени количини, одбрани сорти грозје и долгогодишна традиција на производство, се трите главни причини зошто треба да се проба вино произведено од мала семејна винарија. Секое семејство има своја приказна, а некои имаат и свое вино, со кое ја збогатуваат приказната.

Македонија е земја на сонцето и плодната почва, два услови кои се неопходни да се негуваат вековната традиција на одгледување врвни вински сорти грозје и тајните на производството на вина од светски ранг. Во последната година, во земјава се создадоа услови, покрај големите, да почнат да работат и околу 40 мали семејни винарии. Винската приказна доби нова димензија, а туристите уште една можност да уживаат во нови вкусови на македонски вина.
Да се одгледува винова лоза, но и истовремено да се биде и производител на вино е голем предизвик за едно семејство, но и голема шанса за промоција на регионот и земјата.

Производството на вино се прави на традиционален начин, и во тој процес е вклучено целото семејство. Речиси сите винарии имаат голема семејна традиција на производство, која сега се подигнува на едно ново, повисоко, ниво и им овозможува и на многу посетители и туристи да уживаат во вкусовите и квалитетот на виното кое со векови се прави на овие простори.


Како се зголемува бројот на малите семејни винарии така расте и се развива винската култура. Се зголемува популацијата која конзумира вино, се отвараат нови продавници, а во рестораните евидентна е зголемената продажба на вино во шише. Луѓето се љубопитни, прашуваат и сакаат да научат за виното, за уникатниот однос со храната и различните комбинации, кое вино со каква храна оди. Сакаат да пробаат и нови вкусови, а и некои стари и позаборавени. Сè повеќе се бара познатата „Темјаника“.


Масивната италијанска винска индустрија произведува над пет милијарди литри вино секоја година, но сепак семејните бизниси кои произведуваат вино со генерации сè уште уживаат значителен успех. Во минатото тие го обликуваа не само лозарството туку и руралниот начин на живот. Многу од нив и денес остануваат во првите редови.


Bodegas López de Heredia – Rioja, Spain


Познат од многумина како „Catedral del Vino“ (Катедрала на виното), Bodegas López de Heredia е една од првите три вински куќи изградени во Риоха и најстарата во Харо. Оваа величествена и богата со традиција винарија, со своите вековни пештери и визби, е совршено место за љубителите на виното.


Antinori, Италија Badia a Passignano, еден од најважните имоти во семејниот бизнис за производство на вино на семејството Antinori. Во 1202 година, семејството се сели во Фиренца, по уништување на замокот Combiate. Во 1385 година, Giovanni di Piero Antinori станува член на еснафот на винарите на Фиренца, познат како Arte Fiorentina dei Vinattieri. Денес винаријата е во рацете на 26-та генерација на семејството, а модерната винарија Antinori nel Chianti Classico е архитектонско ремек дело. Изграден во 2012 година во Bargino, огромниот покрив на винаријата гледа на лозјата и се гледа од далеку. Една од неговите најголеми карактеристики е масивното спирално челично скалило што се издига од подрумот до покривот и ги поврзува трите нивоа на зградата. Лозјата околу винаријата се состојат од италијански сорти грозје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.