„Школо за џентлмени“: Што е воркохолик и брнаут? (ВИДЕО)

Од оваа сезона нашата емисија Џентлмен Магазин која се емитува секоја недела на МРТ1 доби своја рубрика „Школо за џентлмени“.

Една од темите за која зборувавме во оваа рубрика се термините „воркохолик и брнаут“, што претставуваат тие термини и како може да се подобри ситуацијата со нив.

Во продолжение може да го погледнете прилогот на оваа тема:

ВОРКОХОЛИК

Зависниците од работа или популарно наречените „воркохолици“ ги има се почесто околу нас во општеството. Воркохолик е личност која работи компулсивно. На принципот како што од алкохолизам се добил зборот алхолик, така во светски рамки почна да се применува и зборот воркохолик, па ние почнавме да го користиме и во нашиот речник.

Воркохолик е личност која работи по цена на својот сон и социјалните функции како средба со пријателите или семејството за да стигне ги исполни своите соништа. Иако терминот не мора да значи дека личноста ужива во својата работа, може да имплицира дека тие едноставно се чувствуваат принудени да го прават тоа.

Не постои општо прифатена медицинска дефиниција за таква состојба, иако некои форми на стрес, нарушување на контролата на импулсите, опсесивно-компулсивно растројство на личноста и опсесивно-компулсивно растројство може да бидат поврзани со работата; ергоманијата се дефинира како „прекумерна посветеност на работата особено како симптом на ментална болест“.
Популарно наречениот збор „hustle-culture“ поврзан со прекумерна посветеност кон својата работа до исклучување на секој друг аспект од неговиот живот, создавајќи нездрав баланс помеѓу работата и животот е синоним за терминот воркохолик.

Воркохолици се луѓето кои постојани се зафатени. Тие секогаш на прво место ја ставаат работата, често ги скратуваат часовите за спиење и никогаш не знаат да кажат „доста“ на својата работа. Деноноќно се присутни и достапни на социјалните мрежи, одговараат на служебни мејлови и повици дури и кога се на пауза од работа. Иако ова има и позитивни страни, најголема мана на сите ворколохици е дека нивната прекумерна работа ги прави непродуктивни и не можат да се посветат на важните работи во нивниот бизнис.

Воркохолиците немаат дефиниран термин за успех. Дури и кога се оди како што треба тие се загрижени за евентуален неуспех во нивната кариера. Тие знаат само за „уште“. Први влегуваат и последни излегуваат од канцеларија. Одговараат на службените пораки дури и кога се на одмор и секогаш на прво место ја ставаат работата. Не знаат да му кажат „не“ на својот надреден и секогаш прифаќаат нови предизвици. Кога некој од страна ќе ги нарече „воркохолици“ тие се лутат и велат дека тоа не е точно.

БРНАУТ


Синдромот на исцрпување (или согорување) или популарно наречениот „Брнаут“ е модерно заболување поврзано со зарзаниот начин на живот и желбата секогаш да се прави повеќе и повеќе, да се постигнуваат нови врвови на професионален план. Секој кој ја има оваа карактеристи знае дури и по цена на психичкото и физичкото здравје да цели кон она што го поставил.

Брнаут е ситуација во која ако би се довеле би требало да знаеме како брзо да излеземе од неа. Тоа е состојба поврзана со преоптоварено и забрзано секојдневие во кое луѓето се стремат да постигнат се повеќе и повеќе без да си обезбедат време за одмор. Најчесто ги засега оние кои сакаат секогаш да се први, секогаш да се најдобри (дури и повеќе).

Во стремежот кон совршени достигнувања, човекот не чувствува колку многу работи и се преработува и како не наоѓа време за одмор. Така, и по цена на своето здравје кое е најзначајно се завршува катастрофално. Често брнаут се поврзува и со загубата на мотивација и инспирација за работа. Затоа, некои го нарекуваат и синдром на професионално исцрпување.

Всушност, брнаут е состојба на физички и психички замор која води до хроничен стрес. Како симптоми на оваа „Модерна болест“ се јавуваат хроничниот замор, па така дури и кога одмораат луѓето кои се во оваа состојба немаат чувство дека одмориле. Овие луѓе страдаат и од несоница, па и покрај заморот не можат да заспијат во текот на ноќта. Според некои истражувања, несоницата се јавува еднаш до два пати неделно, а во понапредна фаза и секоја вечер. Овие луѓе имаат и проблеми со концентрацијата и фокусирањето на една задача, го губат апетитот, а имаат и физиолошки проблеми како срцебиење, задишување, главоболка, растревоженост, желба за социјална изолација и останување сами со себе.

Многу често инженерите, политичарите, здравствените работници, но и сите луѓе кои имаат голема товар ја чувствуаат оваа „модерна болест“.

Џентлмените најчесто се воркохолици. За нив, работата е дел од животот. Имаат визија за иднината и неуморно работат за желбите да му станат. Таков е и нашиот денешен гостин Дамјан Манчевски кој неуморно работи за исполнување на неговите цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published.