Што е вистински џентлмен според Том Форд

Досега доста имаме пишувано за златните совети на Том Форд за машкиот моден стил, а денеска ќе ви прикажеме што за него претставува вистински џентлмен. Со години прави можеби најдобри одела кои прави џентлмени ги носат. И може да каже, што е вистински џентлмен.

Според Том Форд прва работа е дека вистински џентлмен секогаш треба да го дава најдоброто од себе, бидејќи така им дава почитување на луѓето околу нив.

Вистинскиот џентлмен постојано работи. Луѓето кои не работат, обично се досадни и на самите нив им е досадно. Спред него мора да бидете страствени, морате да се ангажирате и мора да придонесете на овој свет.

Манирите. Тие се доста важни! Вистински џентлмен секогаш отвара врата на жената, го носи нивниот капут и станувај кога луѓето ќе дојдат или ќе станат од масата.

Вистински џентлмен не е умислен, не е расистички или сексистички насочен и не ги цени луѓето по нивното минато.

Вистинскиот џентлмен никогаш не носи шорцеви кога е во град. Тие се несоодветни и може да ги носите само на плажа или пак на спортски активности.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Ѓорѓи Симјаноски: Македонските џентлмени се повеќе сакаат да уживаат во коктели (ВИДЕО)

Leave a Reply

Your email address will not be published.