Што е она што го прави Џорџ Клуни посакуван и поразличен од другите

Покрај што важи за квалитетен актер, Џорџ Клуни е еден од најпосакуваните мажи во светот денеска. Но сепак зошто е тоа така? Кога ќе го погледнеме животниот стил на познатите од Холивуд, првата работа што ја забележуваме е гламурот и лускузот во кој живеат. Меѓутоа, меѓу нив има доста од оние кои не го сакаат тој животен стил и кои сакаат да бидат едноставни како и остнатите луѓе и покрај големите финансии кои што ги имаат.

Еден од таквите е актерот Џорџ Клуни. Не викаме дека тој не живее гламурозен живот, но сепак според она што можеме да го видиме за него, тој е навистина едноставен.

Една од главните причини поради која тој е таков е неговата успешна сопруга која го воведува во кругови кои што покажуваат дека гламурозниот живот не е само големи суми на пари и шетање по најлуксузните места.

Тие двајца слободното време најмногу се трудат да го поминат во нивната вила на езерото Комо. Во меѓувреме често заминуваат на скијање на Алпите или уживаат на Азурниот брег во друштво на аристократската елита.

Другата работа поради која Џорџ Клуни е посакуван е тоа што тој често организира и прави хуманитарни настани и проекти заедно со светскиот џет сет, а сето тоа е за да помогне на оние кои немаат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.