Што е хедонизам според еден од најголемите хедонисти во Македонија?

Хедонизмот претставува потрага по задоволство и уживање, таков начин на живот, да се ужива во секој моменте и да нема место за страдање и болка. Првиот теоретичар на хедонизмот беше креаторот на училиштето Киренејска филозофска школа – Аристип од Кирене, студент на Сократ. Тој тврдел дека човекот живее само во сегашниот момент и затоа треба да се живее како да секој ден е негов последен.

Хедонистите всушност, уживаат во животот и сè што ги опкружува. Хедонистите се постојано во потрага по уживање. Целта на нивните животи е само задоволство, што не мора да значи дека тие се себични и самоцентрични и нема да им помогнат на другите.

Основниот принцип на хедонизам е дека уживањето на една личност од кој било вид задоволство не смее да ја загрозува животната средина, или да има какви било негативни ефекти врз неа.

Еден од најголемите и напознати хедонисти кај нас е Габриел Стибел. Уживател во часовници, автомобили, квалитетни пури, добра храна и патувања. Што тој мисли за хедонизмот?

Хедонизмот е цела филозофија, многу луѓе не ја разбираат суштината на хедонизмот па некои од нив мислат дека хедонизмот е порок па дури дека е и негативна појава. Хедонизмот честопати е поврзан со луксуз, што не мора да значи дека е така, хедонизмот е состојба на духот, можеш да станеш рано наутро и да уживаш во изгрејсонце пиејќи кафе радувајки се на новиот ден, и тоа е хедонизам. Хедонист си ако знаеш да уживаш во убавите нешта без да пречиш на некого и притоа поради тоа никој да не страда поради твоето уживање.

Leave a Reply

Your email address will not be published.