Конечно ни пристигна летниот период од годината. Сите сме растрчани со последните работни обврски кои треба да ги завршиме пред да одиме на одмор. Поради таа причина често припремите и пакувањето ги оставаме за во последен момент, а тогаш знае да се случи и да заборавиме нешто што ни е потребно.
Затоа денеска се решивме да ви претставиме неколку работи кои секој маж треба да ги има во својата викенд торба.
Бидете спремни да влезете со стил ова лето.
Летот е незамисливо без фраерска маица на вас. Секогаш бидете спремни и одберете некоја маица која што ќе ви биде must-have за каде и да одите. Ние ви ја предложуваме маицата, New York City. Фраерска, уникатна и урбана.
Следната работа која што ви е задолжителна и не смеете да ја заборавите е добар летен часовник. Часовник кој е совршен за секојдневно користење во летните денови. Од плажа, до вечерно излегување.
Ви го претставуваме Swatch Sweet Sailor кој важи за привлечен унисекс часовник од колекцијата Irony Chrono. Куќиштето е направено од нерѓосувачки челик, додека бројчаникот е во сина боја. Карактеристиките на часовникот вклучуваат (меѓу другите) хронограф и датум функција. Овој часовник е на пазарот како водоотпорен.
Во топлите летни денови седејќи на плажа, нема подобра релаксација од ладно кафе и добра книга. Затоа и книгата е задолжителен предмет кој треба да се најде во вашата викенд торба. Ние ви ја препорачуваме, Момчето милијардер: Марк Закерберг со свои зборови.

Навидум позната приказна – уште една бубалица која успеала во животот. Марк Закерберг, детето гениј, го напушта Харвард за да го основа Фејсбук, гигант и социјална мрежа која го редефинира светот каков го познаваме. Тој станува најмладиот милијардер во светот на сите времиња, што самиот го заработил своето богатство.
Веројатно сите од нас во лето сакаме да се чуствуваме опуштено во тоа што го носиме и секогаш се трудиме да одбереме полесни модни парчиња. Кога мислиме на обувки за во лето, правата работа што ни паѓа на памет е мокосаина или пак еспадрила. Затоа, ние ви предложуваме кратки шарени чорапи кои се уникатни да се носат на еспадрила, мокасина или некоја од вашите омилени обувки доколку не сакате да ги носите на боса нога.
Дали знаете дека негата и одржувањето се многу важни во летниот период од годината? Баш поради тоа никако не смеете во летото да заборавите на вашата коса. Задолжително за во вашата торба, восок за коса.
Ние ви го предложуваме восокот за коса SP MEN TEXT STYLE WAX 75мл. Високо квалитетен восок за коса од брендот WELLA SP кој има ефект на брзо сушење кој што ја одржува светлината на косата и има мат ефект. Ја формира површината на косата.
Доаѓањето на летото означува и промена на вашиот парфем. Летните лесни и освежителни мириси ќе ве задржат во духот на топлото сонце, песочните плажи и дефинитивно ќе ви го кренат расположението. Ние ви го предложуваме Парфем Azzaro Chrome Pure 50мл.Azzaro Chrome Pure претставува тоалетна вода за мажи која припаѓа на семејството Citrus Aromatic. Овој мирис е лансиран во 2017 година. Неговата главна особина е неверојатната свежина која ги поплавува сетилата. Кај овој мирис може да се почуствува цитрусна свежина создадена од бергамот и мандарина. Кај овој парфем може да се видат чисти и транспарентни елементи како што се цветот на портокалот и водени елементи. Неговот шише е бело и овој парфем е најдобар за летниот период.
© Gentlemanmagazin / Фото: unsplash.com