Сите ние им се восхитуваме на успешните луѓе низ светот. Сакаме да знаеме како изгледа еден нивни работен ден, сакаме да знаеме како стигнале до нивниот успех и како е чуството да бидете толку успешен. Денеска се решивме да ви покажеме како изгледа појадокот на дел од најбогатите и најуспешните луѓе во светот.
Појадокот е најважниот оброк во денот, па затоа сите треба да го сфатиме доста сериозно.
Ричард Брaнсон
Ричард секое утро станува во 5 часот сабајле и за доручек јаде сад со мусли и овошна салата.
Барак Обама
Поранешниеот претстедател на САД е познат по неговиот фит изглед, а тоа се должи на здравиот начин на живот. Тој својот ден го започнува со храна како што се јајца, тост, овошје и каша. Доста стандарден, но моќен појадок – погоден за претседател.
Марк Цукербер
Тој нема некоја посебна рутина за појадокот. Нема време за губење на подготовка и едноставно појадува тоа што ќе му се најде во моментот.