Што ја одбележа 2021?

Нема да зборуваме за политика, тоа не не интересира, ама баш ич. Ќе зборуваме за убавините кои ги поминавме минатата година.

Ќе започнеме со една работа која е најтазе за сите нас, а тоа е втората сезона на Џентлмен Магазин. Џентлмен Магазин се наметна како успешна приказна во ТВ светот, која ни ги претставува најуспешните мажи во нашата држава. Целта ни беше да прикажеме добри навики на македонските мажи, да ја презентираме сликата на џентлменството кај нас. И успеавме во тоа. Ни беа гости џентлмени како Симеон Мони Дамевски, кројач Борче, Влатко Стефановски, Дејан Лилиќ, Сашко Јовев, Горан Цветинов, злате Мехмедовиќ, Sвонко Ерцег, Дуке Бојаџиев, Љупчо Каревски, Мустафа Имери, Никола Пановски и ред други истакнати личности кои пленат со својата харизма, успех и начин на живот.

Токму затоа, веднаш ја започнавме и втората сезона, каде ќе имаме нови ликови од нашата држава, ќе го промовираме доброто и квалитетното, ќе можете за прв пат да ја погледнете и Школата за џентлмени, школа која за многумина ќе биде вистински водич како треба во животот. Во таа школа ќе учиме совети за облекување, за чевли, за манири, за бон тон, за вино, за храна, за се што е потрбно да знаете како би биле вистински џентлмени.

И минатата година беше тешка, пред се поради Ковид 19 и пандемијата која сеуште трае и трае. Излезот како да е многу далеку, но надежта не не одминува така лесно дека наскоро се ќе заврши. И во оваа година, успеавме да го организираме 4-от по ред Мажи на годината кај нас, во рганизација на Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации. Предизвик кој внесува малку убавина во сивилото во кое живееме.

На четвртиот официјален избор се избираат мажите на годината за 2021 во 13 категории. Најуспешен маж според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, ја доби Сашко Јовев кој ја доби и наградата за Маж со најголем придонес во општеството, за Маж странец во Македонија наградата ја доби Дејвид Гир, Амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Скопје.

Во категоријата Менаџер на годината за 2021 наградата ја доби генералниот директор на Нептун, Горан Цетинов, наградата за Млад менаџер отиде во рацете на Игор Милановиќ, менаџер за продажба на Huawei во Македонија, а наградата за Менаџер на годината до 40 години ја понесе извршниот директор на дигиталната агенција Кара5, Војдан Карапетковски. Маж со најголем придонес во културата беше избран актерот, продуцентот и директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“,Симеон Мони Дамевски, Маж со најголем придонес во спортот наградата ја доби Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија. 

Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби доктор Злате Мехмедовиќ, претседател на Македонското здружение на медицина на трудот, додека еден од најпознатиот македонски музички новинар и водител, а воедно и  еден од најпрепознатливите гласови, господинот Драган Б. Костиќ, се заќити со наградата Маж со трајни вредности. Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Борче Стаменов, наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Ламбро Патче,  менаџерот за односи со јавноста и комуникации на Пивара Скопје АД, додека специјалната награда Маж во избор на организаторите отиде кај Дејан Георгиевски.

Среќни сме што многумина од вас ги направивме среќни, и многумина од вас придонесоа за едно побаво утре за секој од нас, макар тоа било и преку своите животни приказни. Искрено, нас ќе ни е задоволство доколку бар секој од нас земе барем еден мал дел од она што го поседува секој од вас, и ќе направи поубава слика од себе.

2021 беше успешна година. Успешна, но тешка. Искрено се надеваме дека во 2022 година ќе видиме многу поубава слика од светот, каде повторно ќе можеме да патуваме онака лесно, како и што ни доликува, ќе видиме многу повеќе насмеани лица и позитивна енергија, ќе направиме промени за подобро општество каде ќе придонесуваме сите заедно. Ќе продолжиме во 2022 да ви ги презентираме македонските мажи, македонските џентлмени, и ќе ги бираме најуспешните за 2022 година на уште еден голем настан. Ви ветуваме.

Ви посакуваме успешна 2022 година, многу здравје и среќа, и да направите од вас една поубава слика. Ви посакуваме да бидете џентлмени, и да сте Мажи на годината кај вашите сакани.

Среќна нова 2022!

Leave a Reply

Your email address will not be published.