Автентични италијански вкусови во центарот на Скопје

Во срцето на градот, на улицата Максим Горки, неодамна започна една уникатна кулинарска приказна која полека, но сигурно ги освои срцата на гурманите низ Скопје. Сите вкусови на Италија на едно место – Боттега дел Густо (итал.) или во превод: “Продавница на вкусови” е место каде што може да се најдат автентични италијански производи: пршута, салами, моцарела ди буфала, буратта и многу други.

Основачите на Боттега дел Густо објаснуваат дека нивната цел да се понуди нешто различно и автентично од сите региони на Италија кои изобилуваат со разновидни производи, секој уникатен на свој начин.

Безбројните комбинации на сувомеснати производи со сирења гарантираат вистинско уживање со секој залак, а од Боттега дел Густо порачуваат дека асортиманот ќе се проширува постојано со врвни производи.

Еве на пример што можете да одберете.

Leave a Reply

Your email address will not be published.