Пијачката која ја држиме во рака кажува многу за нас. Сите ние пиеме различни пијалоци во различни прилики, но она што ќе го нарачате во бар, во добар ресторан или на важен настан, открива многу за тоа до кој степен сте џентлмен. Затоа, ви ги откриваме трите најмажествени коктели кои укажуваат на моќ и затоа отсекогаш биле првиот избор на вистинските џентлмени.
1. Old Fashioned
Ова е најстариот коктел кој им е добро познат на џентлмените. Елегантен е, безвременски и моќен. Базиран е на виски. Се служи во широка чаша бидејќи во него се става голема коцка лед, која додека се полека се топи ги открива деталите на вкусот на вискито.
2. Martini
Најверојатно најтрадиционалиот пијалок кој се поврзува со џентлмените како што е Џејмс Бонд, што го прави класичен и елегантен избор. Добро Мартини оригинално се прави со додаток на џин, но водка Мартини е исто така многу популарен избор во последно време.
3. Manhattan
Ова е темниот, сладок братучед на Мартини кој се подготвува со виски илу бурбон и сладок Вермут. Се служи без лед и открива дека сте класа маж кој знае точно што сака.