Активирај супермоќ и освој супер награди – ХАЛКБАНК ја промовира новата голема наградна игра

Во новата наградна активација, ХАЛКБАНК ги повикува сите да ја отклучат својата супермоќ само со една трансакција!

Добри вести за сегашните и идни корисници на услугите на ХАЛКБАНК: пристигна времето за супер награди! Во соработка со Mastercard, новата голема наградна игра под забавниот слоган „Активирај супермоќ“ од денес зема замав низ целата држава, и тоа на три различни начини: со трансакции направени со кредитните картички Mastercard, како и трансакции направени преку иновативните услуги на Банката – HalkPay и GarminPay. Наградната игра е со времетраење од 4 месеци, до крајот на февруари. 

Дополнително, сите корисници што ќе направат трансакција преку HalkPay и GarminPay добиваат трипати повеќе шанси за добивка за некоја од вкупно 60-те награди. 

Условите за учество во наградната игра за „активирање супермоќ“ се едноставни: секој корисник што ќе направи трансакција преку кредитните картички MasterCard за физички лица, преку апликацијата HalkPay или, пак, преку GarminPay и што ќе се согласи за учество на линкот, влегува во игра за некоја од наградите: 

  • Вкупно 45 ваучери за спортска опрема во износ од 6 000 денари во три месечни извлекувања –на 3 декември, на 12 јануари и на 2 февруари; 
  • 6 часовници Гармин, 4 мобилни телефони и 5 ваучери за велосипеди, кои ќе бидат доделени на големото главно извлекување на 9 март. 

Право на учество имаат сите полнолетни физички лица корисници на ХАЛКБАНК, кои се корисници на кредитните картички Mastercard за физички лица (Mastercard Standard, Mastercard Credit Contactless, Mastercard World Contactless) за направена валидна трансакција, како и валидни трансакции направени преку мобилната апликација HalkPay и преку услугата GarminPay. Сите детали за условите и правилата за учество се наоѓаат на следниот линк

Со нетрпение ги очекуваме најсреќните суперхерои на ХАЛКБАНК во претстојните 4 месеци!

Leave a Reply

Your email address will not be published.