Бекам, Кардашијан, Џоли: Колку плаќаат познатите ѕвезди за обезбедување?

Светските мега ѕвезди живеат во раскош, имаат финансии и можат да остварат речиси се што ќе посакаат. Но, дали светските познати личности живеат слободно? Голем број светски ѕвезди имаат телохранители, а на ова трошат многу финансии што не ни претпоставуваме за ова.

Ким Кардашијан и Лејди Гага имаа непријатни искуства во минатото, па поради ова плаќаат огромни суми за сопствената безбедност. Но, на оваа листа вистински рекордери се Џеј Зи и Бијонсе кои плаќаат речиси двојно повеќе од сите останати.

Во продолжение објавуваме неколку интересни факти од тоа колку познатите трошат на обезбедување:

Џенифер Анистон цели 10 сезони играше во познатата ТВ серија Friends. Тој секој месец плаќа по 20.000 долари за телохранители.

Џенифер Лопез е една од светски најпознатите личности благодарение на успешната музичка и актерска кариера. Таа плаќа по 42.000 долари за нејзина заштита, но и за заштитата на нејзините деца.

Ријана почна како пејачка, но во последните години стана сериозна бизнис-жена која и официјално во 2021-та година беше прогласена за милијардерка од Forbes. Иако нема прецизни информации таа отприлика дава 500.000 долари од нејзините приходи за обезбедување.

Дејвид и Викторија Бекам и двајцата се познати благодарение на сопствените кариери, па тие мора да сметаат и на обезбедувањето на нивните 4 деца, синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер. Семејството троши околу 1 милион долари годишно на обезбедување.

Ким Кардашијан е една од најпознатите светски личности, а истото носи реперкусии врз нејзината приватност. Често е мета на напади, па затоа троши 3.5 милиони долари годишно за обезбедување.

Анџелина Џоли е мошне позната актерка, но многу внимава и на безбедноста на своите шест деца. Поранешниот телохранител Марк Били Билингам изјави дека годишно добивал по 2 милиони долари за да биде обезбедување на оваа мега-ѕвезда.

Leave a Reply

Your email address will not be published.