Бидете во шема: Топ 5 машки трендови за ова лето

Летото доаѓа, а ние вам ќе ви помогнеме да го дочекате спремни.

Кога зборуваме за лето, прво на памет ни паѓаат шорцеви, костим за капење, папучи и апостолки, но летото е многу повеќе од ова. Топлото и сончево време ни дозволува да правиме различни комбинации, а на тој начин да експериментираме со нашиот изглед.

Токму затоа, ние ви претставуваме 5 комбинации и трендови со кои би изгледале стилски и така ќе ги привлечете женските погледи.

  1. Тексас

Тексасот е нешто кое никогаш не излегува од мода. Не е важно кое годишно време, секогаш тој е одличен избор. За летото кое ни следи ви препорачуваме тексас шорцеви, а понекогаш да имате и тексас јакна зависно од пригодата и временските услови. На тој начин можете да направите одлични комбинации, а целиот овој изглед може да го разубавите и со некој ситен моден детал.

Тексас јакните се во мода и во нашата држава, па еден пример од нив е и оваа Инстаграм страница „Ревер бренд“ која изработува навистина интересни дизајни.

  1. Маички со принт

Последните неколку сезони во „шема“ е принтот на маички со интересни и примамливи дизајни. Добрата работа со овие маички е што може да ги искомбиннирате со секоја летна кобинација така што дури и тексас трендот може да се дополни со ваков убав принт. Изборот на вакви маички е огромен, а освен тоа можете и сами да си испечатите принт по сопствен вкус. Вака би биле уникатни и летниот аутфит ќе добие сосема поинаква димензија.

3. Спортски тренд

Едноставен, стилски и аутфит кој можете брзо да го одберете. Спортскиот тренд е популарен оваа сезона, а за летото ќе биде совршен. Ако сакате добро да се осеќате удобна варијанта на спортски аутфит се спортски патики, лесни шорцеви, маички без премногу дизајни и качкет. Овој тренд е сјаен за на плажа, но и за секојдневните летни активности. Во ваквиот аутфит секогаш би биле опуштени.

4. Сафари јакни

Од години во година сафари јакните се се поактуелни. Ако ве изненадат „ладните денови“ во лето бидете спремни со вакви јакна која е одлична за влажно време. Се уклопуваат со сите досегашни наведени стилови, а специфичниот изглед на оваа јакна е одличен за експериментирање и интересни летни денови.

5. Сино на сино

Сината е бојата на морето, но нашиот совет е ова лето ова да биде и ваша боја. Оваа боја лесно се уклопува со атмосферата, и затоа ви препорачуваме да го пробате овој тренд. Сините шорцеви, со нијанса на сина маички или кошула би биле идеална летна комбинација. Единствено, трудете се да ги избегнете истите нијанси на сино бидејќи тоа најчесто не изгледа најсјајно. Овој изглед идеално прилега со темни наочари и бели патики.

Leave a Reply

Your email address will not be published.