Вам не ви треба мотивација, туку дисциплина: 3 чекори како да доживеете личен развој

Многу луѓе се би направиле за да најдат изговор, но ретко би направиле нешто за да се променат самите себе и да ги сменат нивните животни навики. Сите сакаат „лежерен“ живот, пиење по 5 кафиња на ден, за потоа да се жалат како општеството не им чини. Иако, свесни сме дека живееме далеку од идеално општество, факт е дека за многу работи најпрво би требало да се погледнеме во огледало.

Да бидеме реални, луѓето немаат проблем со мотивацијата. Кога ќе прашате некој човек што би сакал да направи, тој без проблем ви кажува дека сака да се подобри, но во реалноста тој има проблем со неговата дисциплина. Во продолжение ние ќе ви кажеме три едноставни чекори преку кои може да ја подобрите вашата дисциплина:

  1. „Треба“ наместо „мора“

Можеби звучи премногу клише и премногу секојдневно еден ваков „совет“, но ова е вистината со која треба да се соочите. За успех зборчето „мора“ заменете го со зборчето „треба“. Земете ги за пример вашите средношколски денови кога моравте да станете за во училиште и тогаш немавте изговори. Се почнува од тогаш. Запрашајте се самите себе.

2. Променете ги вашите пријатели

Велат „вие сте резултат на вашите 5 најблиски пријатели“. Прост пример: Ако вашите 5 најблиски пријатели пушат цигари, многу е голема веројатноста, вие да бидете шестиот пушач. Но, ако вашите 5 најблиски пријатели се успешни бизнисмени, многу е голема веројатноста и вие да раководите со сериозен и успешен бизнис.

3. Научете се да кажувате „не“

Под број 2 ја начнавме темата за вашите пријатели, а тука ќе продолжиме со истото. Многу е важно понекогаш да имате бариера и да кажете „Не“, на вашите токсични пријатели кои наместо да ве туркаат нагоре, упорно ве заморуваат со досадни и не перспективни разговори. Затоа, бидете внимателни во изборот на вашите пријатели бидејќи нивното влијание е клучно за ваш (не)успех.

Ова беа нашите совети за да доживеете личен развој. Се надеваме дека ќе ги имплементирате и успехот така би бил загарантиран.

Leave a Reply

Your email address will not be published.