Водич за бизнис стил: Како треба да се облечете според нивото на кариерата?

Како се носиме на работното место навистина може да направи разлика, дури и денеска кога се почесто се кршат оние дрес код правила за бизнис стил и кога се повеќе луѓето одат опуштено на работа.

Според едно истражување кое е направено со професионалци и менаџери од различни компании, поголемиот дел од нив изјавиле дека гардеробата влијае во шансите да бидете унапредени. Сите во животот поминуваме низ одредени фази во развојот на кариерата, па затоа е многу важно и да знаеме како да се облечеме во секоја од тие фази.

Кога ја започнувате кариерата, првиот впечаток е многу важен. Без разлика во која компанија сте и дали се преферира кежуал стил или формален, облечете се за нијанса на повисоко ниво. Секако вие веќе треба да ја знаете културата во компанијата во која работите. Се препорачува најчесто во оние компании каде што нема строг дрес код, да се облечете формално, а сепак удобно. Одберете некои пантолани во комбинација со поло маичка.

Секако дека вашата гардероба мора да се унапреди, ако вие бидете унапредени на работното место. Добриот избор на гардероба може многу да влијае во креирањето на авторитетот на работното место и над колегите кои што се наоѓаат под вас во компаниската структура.

И на крај доаѓаат големите шефови, кои можат да се облечат како сакаат. Но, и тоа не е во ред. Сепак културата не смее да ви дозволи да се појавите како сакате иако сте газда или имате многу пари. Некои правила мора да се почитуваат.

ФОТО: Unsplash

Како да го направите вашиот костим да изгледа скапо?

Leave a Reply

Your email address will not be published.