Дневен водич за вистински џентлмени

Некои работи кои порано важеле за квалитетни и за примерни, денеска се гледаат можеби со искривена перцепција. Што значи денеска да се биде џентлмен или модерен господин? Кога збориме за џентлмен, има некои работи кои остануваат непроменети, а како поминува времето, никогаш и нема да се променат. Еве кои е тие:

Облекувајте се како што треба. Модата се менува често, но стилот е доготраен. Стилот не се менува, тој се надоградува. Стилот се пренесува од колено на колено. Облекувајте се како што се чуствувате вие најдобро.

Одвојте време за во кујната. Кај многумина мажи во светот, сеуште постои она мислење дека на нив не им е местото во кујната. Ако не сте во состојба да спремите некој нормален и пристоен оброк, тогаш не се сметајте за џентлмен.

Отворете ја вратата. Поддржете, отворете, помогнете! Не само на вашата поубава половина, тоа правете го на секого.

Искрено и отворено. Секој што разговара со вас, нема страв да не дојде до некакви забуни бидејќи вие секогаш знаете што сакате, ги знаете вашите намери и идеи. Нема скриени игри и сте личност од доверба.ж

Бидете културни. Убавиот збор железни врати отвора. И така е. Бидете секогаш културни, секогаш умерени,  ценете го вашето, но почитувајте го и тушото. Живејте го вашиот живот, и не влегувајте во туѓиот.

Со неколку зборови #бидиеџентлмен #негувајдобринавики

Leave a Reply

Your email address will not be published.