Еве како да ја одржите мотивацијата на потребното ниво

Некогаш едноставно сите излегуваме од колосекот на работењето и ја губиме мотивацијата. Тоа е најчесто во пролетниот период кога желбата за работа се намалува, а се зголемува онаа за шетање и уживање. И нормално е тоа. Не се секирајте.

Еве како да ја вратите мотивацијата кај секој од вас и да најдете уживање во она што треба да го правите.

Одредете си за себе награда за добро сработената работа. Ова особено важи за оние ситуации во кои самиот резултат од вашата работа не донесува доволно задоволство, а со самото тоа немате желба ниту да работите таква работа. Но кога знаете дека тоа мора да биде направено, „ветете“ си на себе си награда и на тој начин мотивирајте се.

Доколку сте во можност дозволете си забава и во текот на работата. Ако ве опушта слушањето на музика – не си го скратувајте тоа. Во ред е да ви биде забавно додека работите, доколку тоа нема негативно да влијае на крајниот резултат.

Правете паузи во текот на некоја напорна и не премногу интересна работа. Испијте кафе со пријателите, направете ги вашите омилени слатки или нешто што на вас ви одговара. На тој начин го свртувате вниманието кон себе од обврските кои ве притискаат, а завршувањето на таквите обврски ќе ви биде полесно. Со квалитетната пауза стресот кој доаѓа со работата може да биде целосно елиминиран.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.