Започнува продажбата на HUAWEI nova 9 на македонскиот пазар

Од денес, најновиот смартфон на Huawei – претставник на најпопуларната светска серија nova, HUAWEI nova 9, може да се купи директно од локалните партнери на компанијата – Македонски Телеком, А1, Нептун, Сетек, Анхоч и Техномаркет, по препорачана крајна цена од 29.999 денари.

HUAWEI nova 9 го привлекува модерниот корисник со својот елегантен дизајн, тенок и лесен, моќна батерија и полнач од 66 W, вклучени во пакетот, благодарение на што телефонот целосно се полни за само 38 минути. Ultra-Vision системот на камерите и иновативните функции гарантираат дека нема да пропуштите да ја фотографирате или снимате динамиката на настаните околу вас. Системот RYYB на главната камера од 50 MP пренесува повеќе светлина за појасни фотографии, дури и во неповолни услови. Сензорите и леќите вклучени во него ќе ве инспирираат и за широкоаголни фотографии, за снимање многу повеќе во еден кадар и за истражување на деталите со помош на макро фотографијата. Предната камера има 32 мегапиксели и работи самостојно за природни селфи фотографии, и заедно со главната, во случај да сакате да експериментирате со снимање видео во 4K, прикажувајќи различни гледишта во кадарот. Можете да ги менувате камерите во рамките на еден клип, да правите слика-во-слика, и многу повеќе.

„Од својата прва глобална премиера во 2016 година, до септември оваа година, серијата nova има над 190 милиони корисници ширум светот. Среќни сме што го нудиме својот најнов член – стилскиот и моќен HUAWEI nova 9, на македонските потрошувачи и им посакуваме бескрајни среќни моменти кои ќе се овековечат со него“, вели Лиу Ганг Скофилд, генерален директор на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Северна Македонија, по повод националната премиера на новиот HUAWEI nova 9.

На македонскиот пазар, моделот е достапен во две бои – Black и Starry Blue, моќната 6-нанометарска мобилна платформа Snapdragon 778G 4G, 8 GB RAM и 128 GB простор, дебелина од само 7,77 мм и тежина од 175 грама. Неговата батерија има капацитет од 4300 mAh, полнењето до 53% трае само 15 минути, а целосното полнење – 38 минути, благодарение на 66W SuperCharge. Иновативните технологии за ладење со течност и графен, исто така, придонесуваат за долгорочно автономно работење на уредот.

Повеќе информации може да најдете на веб страната на Huawei

Leave a Reply

Your email address will not be published.