Имате стрес? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го избегнете

Убиецот на 21 век. Стресот. Живееме во едно стресно време, исполнето со динамика, брзо темпо невидено досега. Трка за пари, борба со вирус и што уште не. Сето тоа придонесува за стрес. Некои работи кои ги правите во животот, само ја отежнуваат ситуацијата, а кога се обидувате да ги поправите, вие, само дополнително ги влошувате.

Во стресните ситуации кога ве притискаат проблемите, кога мислите дека е крај на светот и не гледате решение никаде, олеснете си на овие едноставни начини, односно само променете го мислењето…

1. Отстранете ја потребата да ги задоволите другите!

2. Престанете да се правдате за постапките.

3. Не се чувствувајте како некој кој мора моментално да реагира на се што се случува, некои нешта може да почекаат.

4. Дозволете си да бидете недостапни за другите, кога ќе почувствувате потреба за тоа. Во ред е да го одбиете повикот за дружење.

5. Престанете да се уверувате дека ви е потребна токму таа работа што ја немате за да бидете успешни. Тоа не е вистина.

6. Контролирајте ја желбата да се фалите. Постојат луѓе кои ќе видат какви сте и не е потребно тоа да им го кажувате и покажувате постојано.

7. Престанете да правите се само за да бидете прифатени од сите. Во животот мора да имате и луѓе кои имаат негативно мислење за вас, тие повеќе ќе ви помогнат за да дознаете каде грешите, бидејќи директно и брутално ќе ви соопштат.

8. Запомнете дека не мора да го знаете секој детал. Оставете го животот да функционира на мистериозен начин.

9. Веднаш отфрлете ја идејата дека мора да бидете совршени. Тоа на никого не му успеало.

10. Не си предизвикувајте уште поголем стрес со тоа што ќе се сметате себе си за одговорни за сите луѓе во вашата околина. Да им помогнете на другите е прекрасно, но кога тоа ќе започне вас да ве чини многу, и физички и психички, престанете.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.