Италијанците ќе добиваат субвениции за електрични автомобили

Италија ќе започне со субвенционирање на граѓаните за купување на нови електрични автомобили. Секој граѓанин на Италија ќе добие 6000 евра, пари кои се според планот за поддршка на домашната автомобилска индустрија.

Италијанската влада одвои буџет од 8.7 милјарди евра до 2030 година за овие субвенции, што ги вклучува и оние 700 милиони евра предвидени за 2022 година.

Но, има една интересна работа, како би се квалификували за целосно субвенционирање, а тоа е автомобилот да чини не помалку од 35.000 евра, и стариот автомобил да го дадете на отпад за дополнителни 2000 евра.

Италија, исто така ќе им понуди и субвенцијана сите кои сакаат да купат и хибридно возило, а субвенцијата е до 2500 евра.

Италија, со овие субвенции се приклучува на САД и останатите држави кои нудат помош при купување на електрични автомобили.

Leave a Reply

Your email address will not be published.