Какви придобивки добива вашето тело после првиот тренинг?

За да ги извлечете максимално придобивките од физичката активност, старо добро правило е дека редовноста е клуч, а во бројки тоа значи МИНИМУМ од два и половина часа распоредени во текот на една недела средно интензивна аеробна активност.

Ја менувате вашата днк на подобро

Една студија на шведските истражувачи покажува дека кај здрави, но неактивни лица дури и само неколку минути вежбање го алтерира генетскиот материјал во мускулните клетки. Секако тоа е наследено од родителите, но животните навики играат голема улога во експресијата на гените, па вклучувањето на физичка активност ја стимулира генската експресија во правец на подобрување на силата и мускулатурата.

Се подобрува расположението

Уште нема да стигнете да се загреете, а веќе вашиот нервен систем ќе почне со лачење на неуротрансмитери како што се ендорфините и серотонинот, кои ви даваат еуфорично чувство и веднаш ќе се чувствувате подобро во врска со себе.

Се подобрува заштитата од дијабетис

Како што е случај со суптилните промени во ДНА, мали промени во метаболизмот на мастите се одвиваат по само еден тренинг. При еден кардио тренинг се подобрува искористувањето на масните материи и се подобрува инсулинската сензитивност. Спротивно на ова, инсулинската резистенција води кон појава на дијабетес.

Полесно се фокусирате

Зголемената циркулација во мозокот кога ќе започнете со вежбање ве алармира, но зголмениот фокус продолува да трае и после тренингот. Според Бостон Глоуб, менталниот ефект од вежбањето можете да го постигнете и со минимум од само 10 минути активност.

Стресот исчезнува

Асоцијацијата за Анксиозност и Депресија на Америка проценува дека околку 14% од луѓето се справуваат со стресот благодарение на вежбањето. Дури и кога самото вежбање ви создава стрес негативните ефекти се анулираат благодарение на подобрената циркулација и лачењето на ендорфините.

А сакате да го забрзате и ваѓето слабеење? Еве како да го направите тоа на следниот линк

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.