Каков тип на бизнисмен сте?

Да се биде бизнисмен или прептриемач не е лесно. Некои деловни луѓе се вистински визионери и иноватори. Други се мајстори за пласирање на производ.Колку подобро ги знаете вашите квалитети, слабости, афинитети, таленти или скриени дарби, толку повеќе поуспешно ќе работите. Подобро ќе ги организирате работите, луѓето, партнерот. Постојат основни категории во кој може да се смести секој претприемач.

Билдери – Овие претприемачи се шаховските мајстори во играта која се нарекува „бизнис“. Тие секогаш гледаат два до три чекори понапред од конкуренцијата. Воздржани се, студени и пресметливи.

Опортунисти – Овие претприемачи сакаат да бидат на вистинското место во вистинското време. Овие претприемачи имаат една основна цел, како за помал временски период да направат поголема сума на пари.

Иноватори – Тие работат на патенти, пронајдоци, концепти, системи и производи кои можат да се вклопат во секој бизнис. За иноваторите најтешката задача е да се вклопат во реалноста и деловните принципи.

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.