Како до побели заби и поубава насмевка

Една од важните работи кои оставаат впечаток за нас кај другите се забите. Затоа треба редовно да се грижиме за нив и постојано да им посветуваме внимание. Многу од жените првата работа која што ја забележуваат кај мажите е насмевката, затоа се препорачува да имате убави, здрави и пред се бели заби со цел да имате супер ефект.

За почеток ќе почнеме од појадокот. Нашиот предлог е наместо кафе, земете некое јаболко или некоја зелена салата за појадок. Јаболкото или свежиот зеленчук има ефект да ги исчисти забите и наслагите кои што се собрале во текот на ноќта додека спиете.

Како следен и можеби најважен чекор е миењето на забите со паста за заби. Потрудете се барем два пати на ден да ги миете забите. Еднап наутро и еднаш пред спиење. Некои експерти, препорачуваат да ги миете забите после секој појадок, но со оглед на тоа дека голем дел од денот не сме дома и сме со работни обврски, тоа не е возможно.

Дали пиете млеко во текот на денот? Поголемиот дел секојдневно пијат млеко, но тоа го прават со кафе. Затоа се препорачува еднаш во денот да испиете една чаша млеко бидејќи тоа е здраво за забите.

Следниот начин кој се покажал доста корисен е чистење на забите со сол. Многу препорачуваат да ставите во една чаша вода една лажица сол и да ја исплакнете устата со тоа. Водата нека биде млака со цел солта да се растопи. Солта важи за еден од најефелктивните уништувачи на бактериите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.