Како еден просечен Македонец го отплаќа својот годишен одмор?

Предизвиците и неизвесноста кои ни ги наметна пандемијата и корона кризата која сѐ уште е актуелна низ светот, се вистинска главоболка за секој од нас. И во помала економија како што е нашата, за многумина оваа пандемија предизвика големи проблеми како на здравствен план, така и на економски. Речиси и да нема граѓанин кој не ја почувствува силината на ударот од кризата. 

Дополнително, истражувањата кои се направени во изминатата деценија, а особено изминатиот период, ни укажуваат на фактот дека во периодот на летната сезона, кај банките и другите не банкарски даватели на кредити значително е зголемен интересот за кредитни картички и за ненаменските потрошувачки кредити кои граѓаните ги земаат за летните одмори, што би значело дека летниот одмор би го исплаќале во текот на наредната година во форма на рати од кредитот или од кредитната картичка. 

Она што е важно, а многумина не го практикуваат е финансиското планирање. За сè во животот е потребно планирање, а особено во делот на финансиите. Сите знаеме колку  може да ни наштети една мала грешка или отстапка од планираното. Личното финансиско планирање значи поставување прашања за Вашата сегашност и иднина, за Вашите желби и цели. Секој од нас треба да размислува за она што сака да го направи во својот живот, како што се на пример актуелните планови за летниот годишен одмор. 

Додека ги правиме плановите за нашиот годишен одмор си поставуваме безброј прашања за да можеме да дојдеме до идеалната замисла за нашето патување. Секое патување бара детална анализа на нашите обврски за да можеме да ги насочиме нашите планови во правилна насока и да ги избегнеме сите непријатни сиутации кои можат да бидат предизвикани од непредвидливи ситуации кои нашата финансиска ситуација не ги дозволува. Според сите анализи, најверодостојни се деталните извештаи за увид во сопствените обврски на МКБ – Македонското Кредитно Биро.

За да се избегнат главоболките и стресните ситуации ние треба да ја преземеме контролата во свои раце и да имаме редовен увид во сопствените обврски, а со тоа ќе имаме и моќ да менаџираме со истите за да можеме да ги спречиме да станат нефункционални (проблематични). Многу често се соочуваме со прекумерни давачки кои дополнително ни  ја отежнуваат нашата финансиска ситуација, па затоа со проверката на сопствената кредитна изложеност, ние можеме во секое време да знаеме колку можеме и дали можеме да си дозволиме некое задоволство, како што е одењето на годишен одмор.

Извор: Inovativnost.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.