Кога белата коса ќе стане моден додаток

Белењето на косата е можеби првиот знак дека почнувате да стареете. Но, тоа не треба да ве разочарува. Седата или белата коса е се повеќе синдром на стресот. Младите луѓе се порано започнуваат да имаат проблем со белеењето на косата.

Но, не е само разочарување или проблем. Таа станува дел од стилот ваш, или моден додаток. Постојат многу начини на кои може да ја носите сивата коса и да изгледате добро истовремено. Контрастот и сјајот што го има сивата коса и дава посебна убавина, без разлика дали е кратка или долга.

Косата станува бела кога меланоцитите кои продуцираат меланин, кои ја даваат бојата на косата, се намалуваат и стануваат неефикасни. Ова може да биде и генетски.

Промената на бојата често влијае и на промена на текстурата односно на јачината на влакното и неговата форма, па така таа може да стане или помека или покрута и тешка за доведување во ред. Доколку најчесто косата ја носите кратка тогаш препорачуваме да продолжите да ја носите така, но доколку немате проблем со опаѓање тогаш подолга коса е вистинскиот избор.

И на крај многу е важно да знаете, овој синдром на бела коса или сивкаста коса се нарекува Џорџ Клуни синдром, а Клуни е маж со стил дефинитивно.

ПРОЧИТАЈТЕ: Како да оставите прв впечаток на џентлмен

Leave a Reply

Your email address will not be published.