Колку вреди едно одело од Том Форд

Уште на прв поглед кога ќе ја погледнете продавницата на брендот Том Форд во Њујорк, ќе помислите дека влегувате во некој лускузен хотел, но всушност тоа е само една обична продавница. Том Форд е мастер за да направи раскошен амбиент и привлечност.

Том Форд е бренд кој зрачи со престиж, а според многумина експерти, приказната која што тој ја раскажува на своите клиенти е онаа која што продава. Уште во првиот момент кога ќе влезете во неговата продавница, ве очекуваат вработени кои носат триделен костум, амбиентот е затемнет во џентлменски и минималистички стил.

A lounge area in the men’s tailoring section.

Том Форд иако има колекции и за жени, тој е повеќе популарен во машкиот свет. Неговите костуми важат за најдобите во светот и носени се од најпознатите актери, бизнисмени и јавни личности низ светот. Во светот на модата престиж е да имате костум од Том Форд, бидејќи реално навистина не може да има секој.

Но дали знаете колку чини еден машки костум од Том Форд?

Најпознатиот модел на костуми од Том Форд се вика O’Connor. Тоа е основаната верзија на костум и чини околу 3,690 долари. Станува збор за дводелен костум, додека пак костумите создадени од три парчиња, достигнуваат цена до 5,400 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.