Пазарот на електрични автомобили рапидно расте, а на пазарот има сè поголем избор на електрични автомобили. Со оглед на тоа што често ги следиме трендовите на автомобилскиот пазар во Германија, интересно е да се погледне кои електрични автомобили беа најмногу продадени, односно најпопуларни минатата година.
Германскиот Kraftfahrt-Bundesamt (којшто детално значи: Федералната управа за моторен транспорт) објави дека минатата година во Германија околу 14% од новорегистрираните автомобили биле електрични автомобили.
1 – Tesla Model 3 (35.262 електрични автомобили)
2 – VW e-up! (30.797 електрични автомобили)
3 – VW ID.3 (26.693 електрични автомобили)
4 – Renault ZOE (24.736 електрични автомобили)
5 – Smart EQ ForTwo (17.409 електрични автомобили)
6 – Hyundai Kona Elektro (17.240 електрични автомобили)
7 – Skoda Enyaq iV (13.026 електрични автомобили)
8 – VW ID.4 (12.734 електрични автомобили)
9 – Fiat 500 (12.516 електрични автомобили)
10 – BMW i3 (12.178 електрични автомобили)
Минатата година бројот на новорегистрирани електрични автомобили беше двојно поголем од претходната година.
Иако Tesla е на првото место, по бројот на продадени автомобили евидентно е дека нема голема разлика помеѓу првото и десеттото место, односно бројката е само три пати поголема.
