„МАКЕДОНИСИМО“ на Симон Трпчески ќе одекне на 1060 метри надморска височина

Со почит кон своите корени, македонскиот пијанист од светски размери, Симон Трпчески на 27 август ќе ја изведе претпремиерата на својот проект „МАКЕДОНИСИМО”, во родното место на неговиот татко, струшкото село Збажди.

Во предвечерието на големиот христијански празник Голема Богородица, Трпчески и пријателите пред публиката, ќе изведат прилагодена програма од албумот „МАКЕДОНИСИМО”.

Тој неговиот настап го најави на социјалните мрежи.

Следно: најавтентичното опкружување за македонска претпремиера на МАКЕДОНИСИМО! Селото Збажди (родното место од мојот татко), во револуционерна Малесија, 27.08.2022! Следете го претстојниот македонски музички „огномет“! – напиша Трпчески на Фејсбук

Овој проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор Панде Шахов, кој како што вели Трпчески, со својот посебен музички јазик ја обои музиката на многу поинаков начин испреплетувајќи ја со нашата традиционална музика и различни музички стилови.

Фото; Симон Трпчески

Извонредниот квинтет на „МАКЕДОНИСИМО” го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.

„Бидете и Вие дел од ова несекојдневно доживување, во очекување на скорешните изведби на МАКЕДОНИСИМО на сцените од каде што се изнедри ова вонвременско музичко патешествие што го освои светот,“ велат од Здружението за култура и уметност „КултурОп”.

Leave a Reply

Your email address will not be published.