Македонски мажи на Инстаграм кои важат за мажи со стил (ФОТО)

Како машки онлајн магазин, постојано се трудиме да го следиме стилот на познатите личности, како во светот така и кај нас. Затоа денеска оваа статија ќе зборуваме за македонските машки инфлуенсери кои што може да се пофалат со добар стил. Да се биде инфлуенсер треба да се биде вистински пример за останатите. Главната цел да за добиете поголема база на луѓе кои што ве следат е да понудите квалитет бидејќи сепак сите вие работите и делувате за фановите и тие треба да научат нешто од вас. Без разлика што промовирате и кој е вашиот таргет, изгледот на секој инфлуенсер треба да биде на ниво.

Еве кои макеоднски инфуелнсери имаат добар стил.

Првиот на нашата листа е травел блогерот Бојан Гиевски. Добитник на наградата Travel Influencer за 2019 година. Покрај квалитетниот контент кој го нуди и едукативните содржини на неговиот профил, тој е секогаш среден на ниво на задачата.

Следниот на нашата листа е Филип Макрадули. Младото момче кое гради успешна кариера во светот на модата беше добитник и на наградата Insta Men за 2019 година. Иако е доста млад, неговите квалитетни фотографии и неговиот секогаш добар изглед, покажуваат дека Филип има навистина чувство за стил.

Оваа листа ја заокружуваме со кумановецот Дарко Спејко. Победникот на Велики Брат кој исто така има добар стил. Често знае да го промени стилот и да екпериментира со него, но секогаш го одбира она што е најдобро за него.

Жарко Димовски е маж кој има одличен стил. Познатиот актер и пејач, со специфичен глас познат и на ТВ екраните преку синхорнизација на серии, е маж со одличен стил. Жарко е водител и на првиот ТВ магазин за џентлмени кај нас Џентлмен Магазин кој се емитува на МТВ1.

Влато Груевски е наш познат тенор кој стварно негови одличен стил. Тој е дел од Националната опера и балет.

Leave a Reply

Your email address will not be published.