Мобилната апликација MAXTV GO отсега достапна и на AppGallery

Сопствената онлајн продавница за апликации на Huawei, AppGallery, секој ден се збогатува со нови локални и глобални апликации. Новиот додаток на AppGallery е мобилната апликација MaxTV GO со што корисниците на услугите на Македонски Телеком, отсега каде било и во кое било време ќе можат да ги следат сите домашни и странски ТВ канали од листата на достапни телевизии на MaxTVод својот Huaweiмобилен телефон.

MaxTV GO нуди богата ТВ содржина, до 60 национални и странски ТВ канали, како и ексклузивните Арена спортски канали во висока резолуција (HD). Дополнително, услугата ги вклучува сите напредни функционалности на интерактивна телевизија како што се паузирање, премотување и враќање на програмата на почеток за одредени ТВ канали, потоа преглед на содржини од последните 3 дена за одредени канали, електронски програмски водич, како и потсетници за омилените содржини.

AppGallery е една од трите најголеми продавници за апликации во светот, која нуди широк спектар на глобални и локални апликации во 18 категории, вклучувајќи навигација и транспорт, вести, социјални медиуми и многу повеќе. Во портфолиото на AppGallery сите апликации се развиваат со највисоко ниво на безбедност гарантирана преку механизам за верификација, вклучително и верификација на корисникот, како и четворократна проверка на сигурност и заштита.

Компанијата неодамна го претстави својот нов паметен телефон – Huawei nova 9, кој на македонскиот пазар е достапен во две бои, Starry Blue и Black, во атрактивен дизајн, исклучително тенок и лесен, и целосно се полни за само 38 минути. Уредот предизвика голем интерес на пазарот, а истиот доаѓа со претходно инсталирана продавница за апликации, па така македонските потрошувачи може да уживаат во програмите на MaxTV GO и на својот нов nova 9.

AppGallery е достапна во повеќе од 190 земји и региони, со 560 милиони активни корисници месечно ширум светот. Од јануари до септември 2020 година, бројот на преземања од AppGallery достигна 384,4 милијарди, а компанијата соработуваше со 2,3 милиони програмери ширум светот. AppGallery постојано го збогатува своето портфолио, а основен фокус е обезбедување на најомилените и најкористените апликации од локалните даватели на содржини.

Leave a Reply

Your email address will not be published.