На продажба часовник со оригинален потпис на Наполеон

Наполеон еднаш кажал: “Ако сакаш нешто да биде направено добро, тогаш тоа направи го сам…”

Golay-Spierer производител на часовници има направено часовник кој е уникатен кој на својот бројчаник го носи потписот на големиот француски император. Овој величенствен часовник кој е составен во една работилница во Женева, ќе се продава на аукција, а се очекува да достигне цена од 80.000 евра.

Рачно напишаниот потпис на славниот и голем Наполеон Бонапарта потекнува од едно писмо кое тој го има потпишано во 1807 година, при самиот врв од неговата кариера. Неговиот потпис е внимателно исечен од тој документ од страна на Маријана Дубуа.

Погледнете како изгледа овој величенствен часовник.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Безвременски бизнис совети од едни од најголемите луѓе

Leave a Reply

Your email address will not be published.