Нови правила во бизнис стилот кај мажите

Од бизнисмени кои патуваат до современи технолошки претприемачи. 

Бизнис стилот се промени, особено во последната деценија или така, оние строги правила се олабавуваат, а со тоа ги менуваме кодовите за облекување на работното мето. И, иако можеме да копнееме за деновите на принудна формалност, овие понови, поблаги правила отворија свет на можност за набљудување. Значи, ако барате инспирација, ви предложуваме како треба да изгледа еден модерен млад претприемач.

Доколку сте генерален директор

Доколку сте директор или пак основач на компанија, дефинитивно треба да бидете свесни колку е важен стилот на облекување. Навистина Вашата работна позиција ви наложува да имате важни состаноци и настани кои од вас бараат да изгледа формално. Како што кажавме, стиловите се менуваат, па формалниот стил разиграјте го со додатоци во впечатливи бои и шари.

Ако сте некој бизнисмен кој често патува

Бизнис патувањата се приоритет за оние кои соработуваат со странски клиенти. Вие секогаш треба да бидете со стил на таквите патувања, бидејќи сепак мора да им покажете на вашите соработници дека сте спремни да разговарате за бизнис. Поради тоа што ни се наближува летната сезона, за да се чуствувате комотно, нашиот предлог е да одберете неколку лесен блејзер кој би го искомбинирале со лесни чино панталони.

Leave a Reply

Your email address will not be published.