Познатиот портрет на Мерлин Монро, ремек дело на Анди Ворхол продадено за 195 милиони долари

Едно од најголемите ремек дела во 20 век, Мерлин, на Енди Ворхол беше продадена за рекордна сума на добротворната аукција во организација на аукциската куќа Кристи. Култниот поп-арт портрет на Мерилин Монро со ова го урна рекордот на кој било американски уметник досега.

Наддавањето кое треаело речиси 4 минути, сликата на уметникот Енди Ворхол од 1964 година со ликот на актерката, ‘Shot Sage Blue Marilyn’, е продадена за 195 милиони долари. Купувачот не е познат за јавноста.

„Ја продадовме најскапата слика на 20 век“, рече експертот на „Кристи“, Алекс Ротер. „Ова е големо достигнување“.

Делото со живописни бои и гламурозна тема ја надмина високата цена од 110,5 милиони долари за сликата што покажува лице во форма на череп, дело на американскиот авангарден уметник Жан-Мишел Баскијат, што постави рекорд во „Сотби“ во 2017 година, како и сликата на Ворхол, „Сообраќајна несреќа“, која беше продадена за 105,4 милиони долари во 2013 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.