Правила кои мора да ги почитувате на првиот состанок со девојка

Кај нас најчесто се зборува дека џентлмен е оној маж кој ја почитува жената. Да, тоа е вистина, но тоа е само еден дел од карактеристиките на еден џентлмен. Замислете дека сте со договрени со некја девојка на вечера. Она што е важно пред да одите е да знаете дека има неколку фрази кои не смее да се изговорат за време на првиот состанок особено, секако доколку не саката партнерката да ве блокира на сите социјални мрежи. Запомнете добро, ова што следи не смее да  искочи од вашата уста

1. Ја изедовте цела порција. Браво. Не очекував.

2. Која е онаа слатка девојка кај тебе на Инстаграм/ ФБ?

3. Уживам во се што правам. Буквално во се.

4. Стварно? Никогаш не сум помислил дека одиш во теретана.

5. Видов кај тебе на ФБ дека минатиот викенд баш јако си поминала.

6. Ај погоди колкава плата зимам

7. Дали е се ок? Ми изгледаш уморно

8. Збориме веќе пола саат и стварно не ми е јасно како до сега не си нашла дечко за сериозно

9. Немој да ме сфатиш погрешно, но навистина имаш добар задник.

10. Сите мои другарки се палат на мене.

Овие 10 реченици доколку ги избегнете на првиот состанок, тогаш сте на правиот пат. Убавиот збор железни врати отвора, нели?

Џентлмен Магазин

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Тајните на џентлмените кои им се неодоливи на жените

Leave a Reply

Your email address will not be published.