Стилот на Божидар Јанковски или Бобо Дајнерс (ФОТО)

Божидар Јанковски или како многумина го познаваат Бобо Дајнерс. Според нас, а и според многумина, Божидар Јанковски е еден успешен господин, кој има препознатлив стил.

Намонитиран од глава до пети, таков беше нашиот нашиот впечаток. Уредна кошула, со висока крагна, панталона и тегет сако со еден битен детал, ружа на реверот.

Она што го забележавме е уредна кондура, средена. На рака часовник и по некоја алка.

Едноставно, но како што вели тој… џентлмен или господин се познава по енергијата.

Како што вели Бобо во емисијата прав џентлмен се познава по енергијата. Таков е примерот со неговиот вујко, кој кога ќе влезел кај нив во двор веднаш се осеќала таа енергија. Дотеран господин со шешир на глава, пура во уста или луле.

Според Бобо изгледот е важен, дотерувањето е многу битен сегмент. Да одите на кафе или во ресторан и да не изгледате прикладно за тоа излегување претставува непочитување на тоа место. Затоа мора секогаш да се биде облечен прикладно според приликите.

Она што е интересно според Бобо е дека мажот никако не смее да носи тренерки, освен на спортски треен или додека спортува. Тоа е, како што вели он, губење на секоја креативност за облакањето.

Џентлмен по книга. Така го нарековме. Љубител е на часовници, и ги купува за посебни прилики кои му се драги во животот. Особено е горд на часовник од татко му, кој нема цена по што би го продал. Мераклија е на добра пура, и сака да запали со добра чаша вино во вечерните часови и да ужива.

Како човек се труди да го пренесе своето искуство на вработените, но и дома. Се труди да пренесе вредности кон своите деца. Нешто што е многу важно во ова време. Строг е, и мисли дека тоа е добро. Пред се го бара она од своите вработени што го бара и од себе. Точност, одговорност… не прави ништо различно до својот тим.

Она што најмногу ни привлече внимание е една посебна работа од целата емисија. Многумина ни кажа дека во разговор со своите пријатели, а познаници на Божидар Јанковски, Бобо ги потсеќал на Јосип Броз Тито. По својата појава, држење, стас, стил на облекување. Еден убав и искрен момент за гледачите, кој и самиот Бобо беше пријатно изнанеден. Според него Тито е ултимејт поп икона. Кога збориме за џентлмен тоа е Тито.

Божидар Јаннковски нескромно за себе вели дека секој комплимент му значи, и дека му е многу драго доколку навистина го мислиме секој збор кој го кажавме.

Епа Бобо да, го мислиме сето она што го кажавме и уште нешто.. продолжете да бидете рол модел на помладата генерација… оној кој разбира ќе научи доста од вас… а оној што не разбира, бар малце или пак нема ни потреба, нека учи од други.

На здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.