Тајната на добриот стил на агентот Џејмс Бонд

Филмовите за Џејмс Бонд се едни од најкултните на сите времиња. Тајниот агент е познат по повеќе работи но една од нив е неговиот секогаш совршен стил. Беспрекорен костум, тоа е неговото можеби најдобро оружје кое го има од самите негови почетоци.

Еве кои се најдобрите кројачки брендови кои се заслужни за костумите на Џејмс Бонд.

Anthony Sinclair

Оваа работилница уште во 1950 година го измисли она што денеска е познато во светот како Conduit Cut. Тоа се костуми кои легендарниот Шон Конери ги прифатил уште од самиот старт. Овој бренд важи за пионер во бритаснкиот стил кој се карактеризра со елегантност и едноставност.

Turnbull & Asser

Во првите неколку филмови кои биле направени, глумецот Шон Конери носи кошули и вратоврски од брендот Turnbull. Тоа е компанија која е направена уште во 1955 година и била создадена да прави кошули по нерка за принцот од Велс. Таа имал голем број на познати клиенти како што биле Винстон Черчил, Пабло Пикасо, Џорџ Буш и многу други.

Douglas Hayward

Ова е последниот британски бренд кој правел костуми за Џејмс Бонд. Овој бренд бил омилен на голем број на холивудски личности.

Brioni

Во 1955 година една од главните идеи на костимографите во филмот била да се врати стилот на Роџер Мур во улогата на Пирс Броснан. За таа цел бил одбран брендот Brioni кој постои од далечната 1945 година и креира костуми кои што се со одличен стил, но не и премногу модерни.

Tom Ford

Модерното време ни носи и модерни кројачи, па поради таа причина е одбран брендот Tom Ford. Овој бренд започнал да креира костуми за Даниел Крег.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРСИРА: Дали знаете колку заработува Даниел Крег од улогата во Џејмс Бонд?

Leave a Reply

Your email address will not be published.