Украдете ги овие 5 модни совети од Италијаните

‘Sprezzatura’. Тоа е интересен збор кој нема конкретен превод. Еден збор кој го опишува целиот стил на италијаните. Тоа е неостварлив концепт на облекување кој што не го може никој друг. Од нивните извонредни модни саеми, како Пити Уомо, до нивниот секојдневен уличен стил, јужните европејци знаат да се облекуваат за да импресионираат.

Италијаните важат за кралеви на модата, па затоа се нашата најголема модна инспирација.

Еве 5 модни совети кои може да ги научите само од нив

Научете како да ја рафинирате вашата палета на бои

Да почнеме со големата слика. Вашата гардероба треба да работи во ограничена, рафинирана палета на бои. Од вашите јакни до чевлите, треба да бидете сигурни дека секоја од вашите парчиња се вклопува во исто семејство на бои.

Имајте пар мокасини ова лето

Зборувајќи за мокасини, дали има некоја обувка поиталијанска од нив? Стилски чевли се совршен начин да се имитира италијанскиот начин на облекување.

Едуцирајте се за уметноста на џебното марамче

Италијаните знаат како со модните детали.  Сакате да додадете впечатлив додаток на вашиот стил, или дополнителна вредност, а не само допир – и ова е италијански начин.

Опуштете се во костумот

Неструктурирани, раскопчани и често ноншалантни, Италијанците имаат многу неформален пристап кон формалното облекување. Ако сакате да изгледате како италијаните, тогаш навистина треба да купувате и да носите костуми во различни бои.

Инвестирајте во повеќе од еден пар очила за сонце

Како што кажавме и претходно, италијаните знаат како со деталите. Освен џебното марамче, вие инвестирајте и во очила за сонце. Италијанците знаат подобро од повеќето дека истиот пар едноставно нема да стои за секоја пригода.

ФОТО: Instagram

Leave a Reply

Your email address will not be published.