Успешни мажи кои на своите 20 години биле лузери

Една од најголемите заблуди не само на мажите, туку и на сите, е дека на нивните 20 години сите сакаат да направат успех по кои луѓето ќе ги препознаваат. Ова е заблуда од причина што во тие години големи успеси се можни само кај ретки, додека кај останатите е период на созревање. Успехот не зависи од годините во кои си моментално, бидејќи имаме голем број на примери од мажи кои во своите 20 години били вистински лузери, а потоа прераснале во едни од најуспешните во светот.

Винсент Ван Гог

Иако сите го знаеме како еден од најдобрите уметници, треба да знаеме дека неговата слава започнала доста касно. Се до неговите 28 години тој не држел ниту еднаш четка во својата рака. Дури во своите 30 години тој почнува да зодава бројни дела по кои денеска тој е познат.

Силвестер Сталоне

Мислите дека Сталоне од секогаш бил успешен? На своите 20 години тој се заниавал со снимање на нискобуџетни порно филмови само за да заработи за живот, и тоа за основните потреби. Покасно на негови 30 години тој се затворил, напишал сценарио за еден од најпознатите боксери.

Ленард Коен

Еден од најпознатите канадски книжевници, Ленард Коен во својата младост создавал поезија за која била доста блага, па дури на неговите 30 години тој почнал да пишува поезија по која тој е познат.

Стен Ли

Човекот кој ги создал најпознатите стрип јунаци како што се Спајдермен, Фантастичната четворка и разни други, не го направил тоа во своите млади години. Дури на неговите 43 години успеал да создаде ликови кои денеска ги знае целиот свет.

Алан Рикман

Ако знаете кој е Алан Рикман, тогаш знаете дека тој е еден од најпознатите глумци во светот. За време на неговите 20 години тој немал снимено ниту еден филм, а првата своја улога ја има добиено на негови 42 години, па потоа и останатите по кои е познат.

Колонел Сандерс

Дали знаете кој е овој човек? За време на својата младост работел како келнер кој послужувал храна во ресторан, а ова го работел се до неговите 40 години. После тоа го создал пилешкото месо кое е познато по целиот свет и од него направи вистински бренд, а тоа е KFC.

Leave a Reply

Your email address will not be published.