Шешир – симбол на елеганција, сериозност, стаус, стил

Се до средината на 60 години неизбежен аксесоар на речиси секој господин бил шеширот кој симболизирал сериозност,елеганција, префинетост, стил и статус. Секако во ладните денови служел за заштита од студ, дожд и снег, додека во летните за заштита од сонце. Мажите облечени во луксузни костуми со шешир на главата се шетале на плоштадите и кога ќе се сретнеле се поздравувале со благ наклон со главата надолу додека со десната рака држејќи го шеширот малку го симнувале од главата, а некогаш го ствале под градите и благо се поклонувале во зависност од тоа кого поздравуваат. Дали е во прашање некоја еминентна личност или некоја дама. За носењето шешир важел и одреден бонтон кој важи и денес, а тоа зависи во која прилика и во која ситуација шеширот треба да биде на главата или не. На пример во затворена просторија на настани, шеширот никогаш не се носи на глава. Исто така на настани кои што се на отворено како на пример презентации, венчавки, погреби итн, додека некој говори пред луѓе или публика шеширот во тие прилики е некултурно да биде на главата. Тоа е од почит наспрема личноста која ја слушаме.

Да се навратиме на историјата на шеширот… Во древниот Египет, фараонот ја покривал периката со црвена капа или бела тиара, додека во Месопотамија биле раширени турбни или капи од крзно. Во Рим шеширот бил сметан за симбол на слободата, па секој ослободен затвореник добивал шешир. Во 12 век, шешир украсен со крзно или перје започнал да се користи во европската женска и машка носија, додека во 14-ти век бил во мода на бургундскиот двор. Токму во текот на 14 век шеширот го добил денешниот облик по кој е познат денес, а ренесансата го подигнала обичајот за носење шешир благодарение на раскошот од материјали. При крајот на 18 век во мода бил Цилиндар Шеширот самиот назив Цилиндар асоцира на формата и по тоа го добил името. Цилиндар шеширот ја симболизирал високата класа и бил направен од крзно од дабар. Во средината на 19 век цилиндарот го носеле богатите капиталисти и бил статусен симбол. Цилиндарот бил во мода и во почетокот на 20 век и се носел се до 1960 година но само во формални прилики.

Интересно е дека последен претседател кој носел на својата инагурација цилиндер шешир биј Ричард Никсон, додека последен државник кој носел цилиндар на официјален настан односно на папската аудиненција бил Јосип Броз Тито. Наследник на Цилиндарот во моќните кругови станал Полуцилиндарот односно скратената верзија на цилиндарот кој бил општо прифатен на крајот на 19 век и почетокот на 20 век се до прифаќањето на Федора шеширот како моден шик! Федора шеширот е на некој начин евергрин шешир бидејќи до ден денешен е во мода кај мажите кои носат шешири. Името Федора го добил по театарската претстава одржана во Франција каде бил носен од страна на една дама. Федора шеширот станува неизбежен дел од облеката на господата од триесетите години на минатиот век. Го носеле богатите фабриканти трговци, градските кицоши, мафијашките босови, а благодарение на холивудските ѕвезди како Кери Грант, Хемфри Богард и многу други, Федората станува многу популарна во пеесетите и шеесетите години кога го достигнува зенитот на популарноста во модата. Кога веќе пишуваме за шеширот како дел од облека  никако несмееме, а да не ги спомнеме мексиканскиот Сомбреро и секако неизбежниот Каубојски шешир кои се надалеку познати и сеуште се носат во Мексико и Северна Америка.

Но, сепак покрај Федората уште еден шешир е култен и прифатен насекаде во светот а тоа е Панама шеширот.

Панама шеширот е најпопуларниот шешир кај мажите. Интересно е тоа што овој шешир всушност се прави во Еквадор од дамнешни времиња, го правеле тамошните племиња уште во 17 век но денешниот облик го добил некаде при крајот на 18 век. Името го добил по Панамскиот канал каде поминувале ловците на злато кои понатаму се упатувале во Северна Америка во времето на златната грозница додека Еквадорските трговци ги продавале токму таму своите шешири. Кулминација бил моментот кога американскиот претседател Рузвелт го посетил Панамскиот канал со Панама шешир на својата глава. Панама шеширот се прави од  слама добиена од листовите на палмата Токиља која расте во близина на градчето Монтекристи во Еквадор. Плетењето на сламата го прават исклучиво жените додека конечниот облик на шеширот се прави во дрвени калапи од мајстори мажи. Популарноста на Панама шеширот вртоглаво расте уште од почетокот на дваесетиот век кога почнуваат да го носат богатите слоеви како додаток на спортската елеганција кога ги посетувале коњските трки, голф натпревафите и неизбежниот Вимблдон. Шик била појавата на господата со Панама шешир на ивентите кои се одржувале на отворено. Оригинален Панама шешир и денес е луксузен моден детал бидејќи може да чини од 200 до 1000 долари или евра во зависност каде го купувате. Се разбира најевтино е да го набавите од Еквадор. Како и да е Панама шеширот е одлична заштита во летните месеци и уште ако стилски е добро вклопен во останатиот аутфит тогаш е полн погодок.

https://unsplash.com/photos/LB99-j6bYYI?utm_source=unsplash&utm_medium=referral&utm_content=creditShareLink

© Gentlemanmagazin ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.