Ако не сте џентлмени преку целата година, џабе подарок за Осми март!

Како низ светот, така и во Македонија Осми март е еден од празниците кој се одбележува со голем интензитет. Социјалните мрежи се преплавени со фотографии како многу жени добиваат најразлични подароци почнувајќи од различни буќети, се до луксузни подароци. Тоа е одличен гест од страна на машката популација и навистина многу жени го ценат тоа, но… Нашиот тим напиша објава на социјалните мрежи со која многумина се согласуваат, а ние ви ја пренесуваме во продолжение.

„Џабе буќет цвеќе за Осми март доколку не сте џентлмени во текот на целата година. Џентлменството е начин на живот кој секојдневно се покажува преку ситните гестови! Бидете џентлмени преку целата година, а не само еден ден. Иако и денеска е убаво да покажете внимание кон вашите најсакани 💐❤️“, стои во нашата објава на социјалните мрежи.

Да бидеме џентлмени во текот на целата година кон нашите дами (сопруги, мајки, баби, сестри, пријателки…), а денешниот ден да биде само потврда за нашиот добар однос.

Leave a Reply

Your email address will not be published.