Екипата на Traveler’s Digest состави листа од 10 града во која живеат најголемите фраери во светот. На следната листа се надеваме дека ќе го видиме барем Скопје.
1. Стокхолм (Шведска) – постои стереотип за нив дека се емотивно дистанцирани, но естетски гледано нивниот висок и силен нордиски стил е еден од најпосакуваните во светот.
2. Њујорк (САД) – сигурно дел од најмодерните мажи се наоѓаат тука.
3. Амстердам (Холандија) – Љубезни, комуникативни, софистицирани. Прави џентлмени.
4. Лисабон (Португалија) – Сестрани и добро образовани. Во главно се доста високи, спортски градени и харизматични. Не треба ништо повеќе нели?
5. Буенос Аирес (Аргентина) – Секси, фанови на спортот и добро образовани. Секако, едни од оние кои владеат на подиумот со своите танцови вештини.
6. Сиднеј (Австралија) – Шармантни, духовити и интелегентни. Но најбитното на кое паѓаат жените е нивниот интересен акцент.
7. Мадрид (Шпанија) – Модерен шарм и романтика…
8. Берлин (Германија) – Оригиналност, интелегенција и авантуристички дух. Сите знаеме дека Берлин е градот на културата и слободното изразување.
9. Милано (Италија) – Најголемите шмекери во светот се дел од најмодерната метропола во светот.
10. Тел Авив (Израел) – Медитерански тип на мажи полни со самодоверба, шарм и убавина.